Festa: ARIL BRIKHA Live at Sektor 909
Início > Sektor 909 > ARIL BRIKHA Live at Sektor 909
Avisamos-te assim que estiverem disponíveis as fotos da festa.
9 Years Pollux :
-Aril Brikha Live (Art Of Vendeance Music)
-Tanchevski
------------------------------------
Во 1998 Aril Brikha му се представи на светот со неговиот deep techno концепт како звук, преку изданието Art of Vengeance, односно и траката Groove La Chord што на еден начин ги сруши сите стереотипи за жанровите во електронската музика. Оставајки ги сите продуценти, диџеи да се прашуваат во кој жанр Groove La Chord припаѓа и дали е може да се нарече techno, house, или deep housе трака.
Aril Brikha потекнува од Иран но мигрира во Шведска имајки само 3 години, таму тој ја покажува својата наклонетост кон музиката. Неговиот татко му поклонува
клавијатура каде што му ги покажува основите на музиката, а потоа за многу брзо време Brikha ги совладува истите. Како тинејџер неговиот вкус за музика во тоа време се базира на Depeche Mode,Front 242 и Jean Michel Jarre.
Тој набавува компјутер Atari каде што изучува како се аранжира и продуцира електронска музика.
Стилот на продуцирање што го има Aril Brikha во тоа време e сосем различен во споредба со неговите колеги од Шведска. Тие му велат дека тој е поблизок повеќе со Detroit techno правецот отколку со нив. Така тој се одлучува да ги испрати своите материјали на Transmat лејблот, односно на Derrick May.
По преслушувањето на неговите демо снимки, се издава неговиот прв сингл насловен како Art of Vengeance, на Fragile Records (сестрински лејбел на Transmat).
Наредната година го издава култниот албум наречен Dеeparture in Time, всушност тоа претставува
материјал кој е 6 години стар и направен само употребувајќи една клавијатура, ритам машина и стар Atari компјутер.
Овој албум му носи култен статус како deep techno продуцент, така што ја зацврстува неговата поврзаност со Transmat лејблот и како негов артист успева да оствари гостувања низ целиот свет.
По големата пауза што ја прави како продуцент, издава за реномирани европски лејблови како што се Music
Man, Kompakt, Poker Flat каде што себеси повторно се открива како успешен продуцент во правците како што
се minimal, tech-house итн.
Во 2010 година тој се сели во Берлин каде што основа сопствен лејбл Art Of Vengeance, во чест на првиот сингл што ја лансирал неговата продуцентската кариера.
Aril Brikha неуморно ја врши својата работа како продуцент, односно ремиксер и остварува изданија на лејблови како Connaisseur, Peacefrog, Truesoul, Wolfskuil, Klopfgeist и други.
Aril Brikha и неговиот колега од Израел Deep'a & Biri издаваат сингл наречен како "HOPE EP" и сите средства од продажбата се наменети за добротворни цели и организации кои се залагаат за мир помеѓу Израел и Палестина.
Најновите изданија на Aril Brikha моментално се траката "Zone" на лејблот Loveland и ремикс на трака за Francesca Lombardo на лејблот Crosstown Rebels.