Festa: #БитолаЕ Ристето

> >
#БитолаЕ Ристето

Discoteca: Porta Jazz

Vão comparecer: 12
Data: 08.04.2017 13:00
Morada: Sv. Kiril i Metodij 12, Bitola, Macedonia | Mostrar no mapa »

Ir »

Fotos da festa

Avisamos-te assim que estiverem disponíveis as fotos da festa.

Festa: #БитолаЕ Ристето

Е ,дечки и девојки,мажи и жени и слично, ако го прочитате ова баш ќе биди фино. Vlatko Hristovski Dado вчера ми предложи една идеа за која сум сигурен дека секој од вас ќе ја пречека со позитивна реакција.Имено,неколку статуси шо ги пишев деновиве тука со #БитолаЕ не доведоа и до еден "страшен" дечко.РИСТЕТО.Многумина се сеќавате на него,многумина сте слушнале ,но сите го имавме или се уште го имаме во нашите секојдневија.Златко Ристевски,за жал,не е повеќе физички присутен меѓу нас.Почина на 9.Април минатата година.Годинава е годишнина од неговата прерана смрт.Идеата на Дадо е во негова чест да се дружиме и да уживаме во она што Ристето најмногу го сакаше,музиката.Затоа одлучивме следново : да ставиме тапани кај Дадо во Porta Jazz и да ве викниме сите вас кои сакате да ни се придружите заедно со вашите инструменти.Ете и по едноставно,носете си гитари и чинели (тој што е тапанар) а вие DJ-и ,лаптоп или што и да ви треба.Ништо формално.Сите сме гости ,никој никого не го ангажира професионално,никој на никого ништо нема да му должи.Едноставно дружење и музика.Дадо ,за таа цел ,ќе ја намали цената на пијачките. Toni Stamatov Нинџата ќе постави појачала и комплетна бинска опрема за Jam session.Ова е едноставно дружење со љубовта на РИСТЕТО.Музиката и Битола.Секој кој сака може да отсвири што сака.Било тоа да е од група ,индивидуа...не е битно.Секој кој сака е добредојден.Она што би сакале да се случува е сите тие групи и DJ-и спомнати во претходниот статус ,да отсвират по една песна за Ристето.За себе.За нас.И сето тоа на денот пред годишнината.На 8 април 2017 ,сабота од 13:00 па дури сакате.За крај нај другарски би ве замолил да го споделите текстов на фејсбук и вие кои сакате да сте дел од оние кои ќе свират да се пријавите .Или во коментар или во порака.И тоа не е важно како ќе го направите.Важно е да сте насмеани.Сега поздрав и ве чекаме....